fbpx

Коментари и фидбек 😎

💜💜💜  Дојдов во AcademyofUX да си го дооформам знаењето во професијата која веќе ја работам неколку години, а излегов со целосно поинаков мајндсет и уште поголема љубов за UX. Топла препорака за UX Design курсот во оваа академија! Не очекувајте класични долги предавања, депресивен ментор и досадна теорија на која и нема крај. Очекувајте пријатната атмосфера, одличен тим и ментор кој е огромен професионалец во ова поле и секогаш up-to-date со најновите техники и технологии во UX кои несебично ги споделува во секое време!

Бојана
Бојана

AcademyOfUX во целина е едно кул место со пријатна и неформална атмосфера, посебно ќе ги препорачам седенките пред и после курсот кои се повеќе од добредојдени! Курсот за UX Design кој го посетував, го препорачувам на секој кој сака да научи нови аспекти и да ги примени во било кој сегмент од работата и животот. UX-от е насекаде… 😎

Благој
Благој

Доколку размислувате за промена на кариера или за проширување на своето знаење, дефинитивно AcademyOfUX е правилниот избор. Освен што ќе ја разберете и научите суштината што значи да се биде квалитетен UX Designer, ќе добиете и мал милион пропратни совети и инфомрации кои ќе бидат релевантни за вашата идна кариера. Менторот е секогаш достапен и секогаш се труди на уникатен и заеднички начин да ги решавате задачите кои ќе ги имате. 👌👌

Виктор
Виктор

Искрено ја препорачувам академијата на сите оние што сакаат да го продлабочат своето знаење во UX Design сферата и да научат како се дизајнираат вистински дизајн системи. Мотивирачко и забавно искуство проследено со интеракција и разјаснување на проблемите и ситуациите со кои што се соочуваат корисниците. Супер cool ментор 😎 и одлична атмосфера за раѓање на нови идеи од кои што може да порасне и нов бизнис. Многу пријателски и отворен однос од целиот тим и релаксирачки седенки проследени со споделување на мислења и ладно пивце. 🍺🍺

Боки
Боки

Како почетник којшто го посетуваше курсот за UX Design на AcademyOfUX, можам да кажам дека се здобив со знаења коишто комплетно ме запознаа со целиот процес на UX особено со начинот на размислување и работа на проекти. Задачите кои што се работеа беа реални проекти и со тоа додадоа на вредноста како во поглед на искуство, така и на понатамошни референци. Особено сум задоволен од тоа што менторот несебично го сподели богатото искуство од полето, како и времето да одговори на сите прашања, што навистина дава слика за тоа дека сака секој од студентите да го заврши курсот со вистинско знаење од полето на UX.

Диме
Диме

Академијата и просторот каде што се одвиваат часовите, после неколку недели ми стана едно од омилените места на кои сакав да бидам. 😍😍😍 Можам само да кажам дека има супер атмосфера за учење на нови работи, не само на час, туку и за време на пауза и по завршување на наставата. Пред да се запишам на курсот, долго време читав и истражував за UX но тука изучив практики кои не ни претпоставував дека постојат. Програмата се предава на интересен и современ начин ама тоа го може само Илија.

Mартина
Mартина

Многу солидно составена програма, одличен тим кој работи на реализацијата на истата. Безрезервно споделување на знаење и информации, посветеност и отвореност. Силно ја препорачувам на секој кој сака да научи за UX Design и да создаде солидна основа за понатамошен професионален развој во таа насока. 💪

Милош
Милош

Илија knows his craft! 👏 Топло ја препорачувам User Experience Design насоката на секој што е спремен да си го смени мајндсетот и да стане UX Designer, или да научи модерни техники и методи на иновативно размислување и креативно решавање на проблеми кои ќе му користат скоро во секоја област.

Данило
Данило

Ако лутате и барате нешто да направите од себе, или пак барате да направите кариерна промена, тогаш дефинитивно ова е правилното место. Најдобриот начин да научите е да работите преку примери, токму онака како што работевме на курсот. Концизни примери кои ќе ве држат будни на сите часови и работилници… И да, дефинитивно ги надмина моите очекувања. Ваква професионалност е реткост кај нас. 🖐

Дени
Дени

🦄  Ова не е уште една академија каде што пасивно се слушаат курсевите. AcademyOfUX ми даде можност да почнам со буквално нула знаење за корисничко искуство, и преку симулации и реални проекти да се стекнам со уникатни вештини. Часовите беа интерактивни, а инструкторот беше во секое време достапен и расположен за уште подетално објаснување на материјалот.

Илина
Илина

Одлични!! Академија за пример! Без клишеа и фарси. 👊 Уникатен пристап при предавање. Примената на добар UX се забележува и при часовите. Многу добро искуство стекнав учејќи од Илија за време на вежбите и работејќи на проектите кои не беа воопшто лесни. Комплименти. 🏆

Бобо
Бобо

Менторите се комплетно сериозни и врвни професионалци со повеќе од доволно позади себе во сферата на работење, дедицирани да ве научат се што знаат и да ви го пренесат мајндсетот да станете UX професионалец ако дадете се од себе на обуката. Top-notch поддршка збогатена со пријателска атмосфера, и едно многу кул место во кое ќе се чуствувате како дома. Дефинитивно број 1 место да учите UX. 🤘

Марко
Марко

Сѐ уште не си убеден, пиши ни




    Возбуден сум за понатамошниот тек на настаните и сум спремен да слушам новини од вас во иднина!